Шефот на Мерцедес ги предупреди Расел и Антонели дека тимот е поважен од сè!

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, испрати предупредување до своите возачи во пресрет на можната борба за шампионската титула во Формула 1, нагласувајќи дека тимот секогаш е над поединците и дека не смее да има внатрешни конфликти.

Тој истакна дека Мерцедес мора да остане дисциплиниран и фокусиран ако сака да се бори за врвот, особено во период кога конкуренцијата станува сè посилна. Според него, успехот доаѓа само кога двата болида работат за заедничка цел, а не кога возачите се насочуваат еден против друг.

Волф додаде дека во случај да се појават ситуации што ја нарушуваат тимската рамнотежа, раководството нема да се двоуми да преземе дури и радикални одлуки во интерес на тимот и шампионската битка.

Со оваа изјава, тој јасно стави до знаење дека Мерцедес влегува во период каде секој поен ќе биде клучен, а тимската хармонија ќе биде исто толку важна колку и брзината на болидот.

Овие пораки доаѓаат откако Мерцедес беше доминантен на првите три трки, создавајќи предност од 45 бодови во конкуренција на конструктори, а возачите Антонели И Расел се први во генералниот пласман, со 72, односно 63 бодови.