Шампионска замена за Алонсо во Алпин

Формула 1 тимот на Алпин остана без еден од возачита за следната година, откако Фернандо Алонсо се договори со Астон Мартин. Шпанецот ќе го замени Себастијан Фетел и ќе вози заедно со Ленс Строл во зелениот болид. 

Со тоа, се отвора ново празно место на гридот, секако во тимот на Алпин. Како фаворит за возачкото место фигурира возачот од Австралија, Оскар Пиастри. Младиот возач е дел од академијата на Рено, возеше за тимот во Формула 2 и ја освои титулата. Поради тоа, тој во оваа сезона не смееше пак да се натпреварува во таа конкуренција. 

Пиастри е резервен и тест возач на Алпин, сега се ослободи место и се очекува 21-годишникот да добие шанса да се докаже во францускиот тим. Во досегашната кариера Пиастри ги освојуваше титулите во Формула 2 и Формула 3, како и во Формула Рено Еврокупот, па во него постои голем потенцијал.

Доколку нема изненадувања, се очекува Оскар Пиастри и Естебан Окон да го сочинуваат возачкото дуо на Алпин во 2023 година.