Шампионот на Мото ГП ќе има две операции по падот во Ле Ман

Марк Маркез доживеа сериозен пад на спринт трката на патеката во Ле Ман, по што ќе мора итно да оди на операција.

Од неговиот тим потврдија дека шпанскиот мотоциклист заработил скршеница на коска во стопалото, повреда која може да биде санирана само со хируршки зафат. Маркез настапи на Ле Ман и покрај проблемите со рамото, но по новата незгода решил паралелно да го реши и тој проблем, па покрај операцијата на стопалото ќе биде подложен и на интервенција на рамото.

Засега е потврдено дека Маркез нема да настапи на утрешната трка на Ле Ман, а сигурно ќе ја пропушти и следната трка за Големата награда на Каталонија.

Во моментов не е познато колку точно ќе трае паузата на шпанскиот ас, но не се исклучува можноста тој подолго време да биде надвор од патеките.