• Саше Љолес

Актуелниот светски шампион во конкуренција на конструктори, Мекларен, официјално ѝ го прикажа на јавноста новиот болид со кој ќе се натпреварува следната сезона.
Британскиот тим го претстави болидот „MCL 39", а возачите Ландо Норис и Оскар Пјастри извозеа вкупно 200 километри на патеката во Силверстоун.
Екипата го претстави болидот со алтернативен геометриски дизајн на маската, која има црна и портокалова боја, а официјалната промоција ќе се случи на 75. годишнината од формирањето на Формула 1, која ќе се одржи следната недела во Лондон.
Мекларен минатата сезона ја освои шампионската титула првпат после цели 26 години и успеа да ги победи најголемите конкуренти, Ферари и Ред Бул.