Шампионот Бањаја не се предава, пол-позиција за трката во Барселона

Шампионот Франческо Бањаја ќе се бори до крај за титулата во Мото ГП шампионатот, откако ја освои пол-позицијата за трката за Големата награда на Барселона. 

Добра вест за Италијанецот е тоа што лидерот во генералниот поредок Хорхе Мартин ќе тргне од четвртата позиција. Шпанецот има предност од 24 бода и може веќе во спринтот од 15:00 часот да ја освои првата Мото ГП титула. 

На второто место во квалификациите заврши Алеш Еспаргаро, додека безвременскиот Марк Маркез ќе тргне од третата позиција. Зад Мартин се пласираа Морбидели и Акоста.