Сезоната на Формула 1 ќе стартува со ново правило

Со трката за Големата награда на Австралија следниот викенд започнуваат возбудувањата од новата сезона на најбрзиот циклус на светот, Формула 1 шампионатот. 

Како што пренесуваат странските медиуми многу веројатно уште од првата трка ќе биде воведено и новото правило – возачот кој ќе го запише најбрзиот круг да биде награден со еден поен. 

Оваа правило веќе добило позитивна оценка од страна на ФИА, и сега се чека само комисијата да даде зелено светло. Возачот што ќе го запише најбрзиот круг, за да добие еден поен на своето конто ќе мора трката да ја заврши меѓу првите десет.