ФОТО: Сериозен инцидент ја прекина авто-трката во Скопје, има и повредени

Кружните трки по долго време повторно се вратија на улиците во Скопје, но кам-бекот го одбележа сериозен инцидент, кој ја прекина трката „Скопје 2017“.

Урош Бркиќ, возач кој настапуваше на трката, со својата Хонда тринаесет круга до крајот на трката во четвртата дивизија излета од патеката и удри во бандера, а потоа и во едно од рекламните паноа.

Покрај возачот, повредено е и едно службено лице, а двајцата се префрлени во болница.

Трката е во прекин, а се уште не се знае дали ќе продолжи.

ФОТО: Орце Поповски / 24auto.mk