Сензационален и историски триумф за Жоан Зарко на Мото ГП трката во Франција

Жоан Зарко од екипата на „Хонда“ забележа неверојатен и сензационален триумф на Мото ГП трката која се возеше за Големата награда на Франција. 

Трката имаше одложен старт, видовме и неколку казни за возачите, а условите дополнително ги отежнуваше постојаниот дожд на патеката. Зарко ја впиша својата втора победа во најсилната конкуренција и донесе радост за домашната публика која виде нивен сонародник на пиедесталот првпат по далечната 1954 година. 

Зад победникот целта ја мина Шпанецот Марк Маркез, а третопласиран беше Фермин Алдегер од тимот на Гресини. Победата на Зарко донесе огромна радост и кај неговите родители, кои беа во тимскиот бокс. 

Во генералниот пласман води Марк Маркез со 171 бод, Алекс Маркез има 149, а третопласиран во моментов е Франческо Пеко Бањаја со 120 бодови.