Сензација во Монца: Гасли ја освои пол-позицијата

Возачот на Алпин, Пјер Гасли, ќе стартува од првата позиција на трката за Големата награда на Италија, 13. трка од овогодишниот шампионат во Формула 1.

Французинот до пол-позицијата стигна во самиот финиш на квалификациите во Монца, откако извози најбрз круг со време од 1:21.786 минути.

Гасли беше за само шест стотинки побрз од Џорџ Расел во болидот на Мерцедес, кој ќе стартува од втората позиција на утрешната трка.

Третото најдобро време го оствари возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, кој заостана 18 стотинки зад најбрзиот Гасли.