Седма пол-позиција за Маркез, Довициозо со разочарувачко 11. место во Австралија

Марк Маркез

Шпанскиот возач на Хонда, Марк Маркез направи голема работа во борбата за шампионската титула и стигна до нова пол-позиција на патеката во Австралија. 

Првото стартно место значи уште повеќе за Шпанецот, ако се земе предвид стартната позиција на неговиот најголем ривал за титулата, Андреа Довициозо, кој утре ќе тргне од 11. место. Италијанецот имаше ден и квалификации за заборав, а на утрешната трка ќе мора да се надмине себеси за да стигне до забележителен резултат.

Од првиот ред покрај Маркез ќе стартуваат Маверик Вињалес и Јохан Зарко, двата возачи на Јамаха. Лош ден имаше и Валентино Роси, кој го освои само седмото стартно место.