• Зоран Мишевски

Себастијан Леб победи на втората етапа на релито „Дакар 2016“, со што го презеде и водството во генералниот пласман. Од Вилја Карлос Паз до Термас де Рио Хондо етапата пак се возеше по лоши временски услови и наместо предвидените 510 се возеа 387 километри.
Легендарниот Французин Леб со предност од 2:23 минути триумфираше пред тимскиот колега во Пежо, Стефан Петерхансел. Владимир Василјев со Тојoта заврши како трет со 2:38 минути доцнење зад победникот.
Кај мотоциклите триумфираше Тоби Прајс на КТМ, со 20 секунди предност пред фаворитот Рубен Фарија.