• Иван Димовски

Германската авто-мото легенда Себастијан Фетел не ги затвора можностите повторно да се врати во Формула 1. 36-годишникот замина во спортска пензија по последната авантура во Астон Мартин, меѓутоа според најавите на „Скај Спортс“, постои можност Германецот пак да вози во најбрзиот мото-спорт.
„Останувам физички спремен, но затоа што така сакам. Видете, некои би кажале „Не“ или пак „Не знам“, а на крајот би се вратиле во спортот. Јас не можам да исклучам кам-бек. Имам 36 години, не е дека поминаа десет откако заминав. Сепак, многу зависи од тоа каков предизвик би дошол. Во моментов не размислувам за тоа, моментално уживам“, изјави Фетел.
Во текот на оваа сезона Фетел ги почувствува патеките, поточно онаа во Нирбургринг. Тој беше дел од Трката на шампионите, возејќи го својот болид од 2011 година во Ред Бул. Со овој тим, Фетел четири пати беше шампион на Формула 1, забележа 53 победи во кариерата и се прослави во спортот.
Покрај Ред Бул, германскиот возач беше дел и од Заубер, Торо Росо, Ферари и Астон Мартин.