Себaстијан Фетел на заслужен одмор

Себастијан Фетел

Германскиот пилот на Ферари, Себастијан Фетел, ќе добие повеќе од заслужен одмор за време на празниците. Германецот планира да го искористи овој период за да биде со своите најблиски и фамилијата.

„Сезоната во Формула 1 е долга и исцрпувачка. Спиењето во различни хотели секоја недела ме изморува. Затоа, овој период ми е драг, бидејќи имам повеќе време да одвојам за да бидам дома и со моите пријатели“ , вели Фетел. 

Сепак, Себастијан знае дека нема многу време за одмор, бидејќи неговата екипа заостанува зад конкуренцијата. Меѓутоа, тој е задоволен од резултатите на Ферари од оваа година.

„Ме изненадија постигнатите резултати. Не очекував толку силен старт уште во првата година во црвениот болид“ , додаде Германецот, кој ја возеше дебитанстската сезона во екипата од Маринело.

Германскиот возач ја заврши сезоната на третото место, веднаш зад двата пилоти на Мерцедес. Во првата сезона, Фетел забележа три победи.