Се огласи АФМ: Трката беше организирана спротивно на сите правила

Македонија по подолг период имаше можност да следи кружни автомобилистички трки во нашиот главен град Скопје, но љубителите на овој спорт наместо да уживаат во овој спектакл, беа сведоци на ужасен инцидент, кој ја прекина трката „Скопје 2017“.

Урош Бркиќ со својата Хонда кон средината од трката загуби рамнотежа и излета од патеката и удри во бандера, а потоа и во едно од рекламните паноа. Покрај Бркиќ, повредено беше е и едно службено лице, па двајцата беа префрлени во болница. 

За овој сериозен инцидент се огласи и Автомобилистичка федерација на Македонија (АФМ) со соопштение кои ви го пренесуваме во целост: 

„Почитувани,
Автомобилистичка федерација на Македонија (АФМ) изразува длабока жалост за учесниците во денешниот инцидент, кој се случи на кружната трка во Скопје и се оградува од секаква одговорност за настанатиот инцидент на  трката бидејќи трката беше организирана од лица кои не се членови на Федерацијата, спротивно на сите правила на Федерацијата и очигледно без задолжителни безбедносни мерки за организирање на вакви натпревари. Федерацијата укажа на сите органи кои ја подржаа вака организирааната трка, вклучително и Агенцијата за млади и спорт и Министертсвото за внатрешни работи, кои навремено беа известени дека трката се организира спротивно на правилата на АФМ и без никакви безбедносни мерки.
Очекуваме во иднина, Агенцијата за млади и спорт и сите останати државни органи, да не дозволат како што дозволија овој пат да се организираат натпревари од неовластени организатори, спротивно на правилата на Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) чија членка е АФМ“.