• Иван Димовски

Макс Верстапен од Ред Бул ја освои пол позицијата за Големата награда на Бахреин, која оваа година се вози на патеката „Сепанг“ во Малезија. Холанѓанецот до првата пол позиција сезонава, а вкупно 49. во кариерата, стигна со време од 1:35,130.
Втор беше Луис Хамилтон со Ферари со заостаток од 0,298 секунди, додека Исак Хаџар од Ред Бул заврши трет со 0,428 секунди зад Верстапен. Четвртото место му припадна на лидерот во генералниот пласман Кими Антонели од Мерцедес, а меѓу најдобрите десет се најдоа и Шарл Леклер, Ландо Норис, Оскар Пјастри, Џорџ Расел, Пјер Гасли и Габриел Бортолето.
Главната трка за Големата награда на Бахреин е закажана за утре од 9:00 часот.
Антонели е лидер во генералниот пласман со 302 бода, пред Расел со 236 и Хамилтон со 199, додека Мерцедес води во конкуренција на конструктори со 538 бода, пред Ферари со 378 и Мекларен со 306.