• Зоран Мишевски

Продолжуваат најавите за сериозни инвестиции на Саудиска Арабија во врвниот спорт.
Саудиска Арабија испрати огромна понуда за купување на Формула 1. Станува збор за понуда вредна милијарди евра која стигнала до сопствениците на Формула 1, Либерти Медиа. Претседателот на Меѓународната автомобилска федерација (ФИА), Мохамед Бен Сулејем предупреди на можните последици од овој финансиски нереален договор.
„Како чувар на мотоспортот, ФИА, како непрофитна организација, е внимателна кога станува збор за наводно надуени цени од 20 милијарди американски долари за Формула 1.
На секој потенцијален купувач му советуваме да користи здрав разум, да ги има на ум најдобрите интереси на спортот и да смисли јасен, одржлив план, а а не само многу пари“, вели Бен Сулејем.
Државниот фонд на Саудиска Арабија доставил понуда за преземање на Формула 1, која според некои шпекулации е тешка повеќе од 20 милијарди американски долари.