• Мартин Танасковски
Саудискиот возач Јазид Ал-Раџи (Овердрајв) и австралискиот мотоциклист Даниел Сандерс (КТМ) се победници на 48-часовната втора етапа на релито Дакар во Саудиска Арабија.
Саудиецот ја заврши специјалната патека од 967 километри, распоредена во два дена, за 10 часа, 56 минути и 54 секунди, и покрај казната за брзо возење од две минути. Јужноафриканецот Хенк Латеган (Тојота Газо Рејсинг) заврши како втор со заостанување од 4:16 минути и го презема водството во генералниот пласман. Трет беше Катарецот Насер ал Атијах (Дачија Сандрајдерс) со 6:29 заостанување. Бранителот на титулата Карлос Саинц успеа да ја заврши етапата, со заостанување од еден час и 35 минути зад лидерот заради инцидент.
Во конкуренција кај мотоциклистите, Австралиецот Даниел Сандерс продолжи да доминира на релито, победувајќи трет пат по ред на својот КТМ со време од 11 часа, 12 минути и 13 секунди со предност од 6:45 минути пред Французинот Адриен Ван Беверен (Хонда). Третото место му припадна на Шпанецот Тоша Шареин (Хонда) со заостанување од 7:41 минути.
Австралиецот го задржа водството со 12 минути и 36 секунди пред Американецот Скајлер Хоус (Хонда), а третото место го држи Боцванецот Рос Бранч (Хиро), со четири секунди зад Американецот.