• Саше Љолес

Возачот на Тојота, Сами Пајари, ја оствари победата на Рели Финска во рамките на Светскиот рели шампионат (ВРЦ), со што на четири трки пред крајот на сезоната се проби на втората позиција во генералниот пласман.
За 24-годишниот Финец ова е втор триумф во кариерата, откако претходно славеше и на релито во Естонија. Со победата на домашен терен, Пајари ѝ го донесе на Финска јубилејниот 200. триумф во историјата на Светскиот рели шампионат.
Пајари до првото место стигна со вкупно време од два часа, 27 минути и 58 секунди. Успехот на Тојота беше комплетиран со уште две места на подиумот - втор заврши Швеѓанецот Оливер Солберг со заостанување од 26,7 секунди, додека трет беше Британецот Елфин Еванс, кој заостана една минута и 19,5 секунди.
На четири трки до крајот на сезоната, во генералниот пласман води Елфин Еванс со 201 бод. Пајари е втор со 30 бода помалку, додека третата позиција ја држи Јапонецот Такамото Кацута со 160 освоени бодови. Следната трка од ВРЦ шампионатот ќе се вози кон крајот на август во Парагвај.