• Мартин Танасковски

Возачот на Ферари, Карлос Сајнц, успеа да го освои првото место на трката која се возеше на патеката „Марина Беј“ како дел од трката за Големата награда на Сингапур.
Шпанецот во драматичен финиш го освои првото место пред Британецот Ландо Норис и најтрофејниот возач Луис Хамилтон од Мерцедес. Во последниот круг во обидот за напад еден од возачите на Мерцедес доживеа катастрофа затоа што Џорџ Расел заврши во ѕидот.
Со оваа победа, Сајнц ја прекина серијата на Ред Бул од петнаесет победи по ред. Последниот триумф за Ферари беше во Австрија минатата година, кога победи Чарлс Леклерк.
За Сајнц ова беше втора победа во кариерата, по онаа минатата сезона во Велика Британија. Следната трка во Ф1 се вози на 24 септември на патеката „Сузука“ во рамки на трката за Големата награда на Јапонија.