Саинц успешно опериран од слепо црево во Ријад

Новата сезона во Формула 1 не почна најдобро за шпанскиот автомобилист Карлос Саинц. Возачот на Ферари, Карлос беше успешно опериран во Ријад, откако му беше дијагностицирано вослапелие на слепото црево.

Саинц се чувствувал лошо неколку дена, па било утврдено дека му е потребна хируршка процедура, која набрзо била извршена во болница во Саудиска Арабија.

По операцијата, од болница самиот Шпанец испрати порака до фановите и колегите.

„Се помина без никакви проблеми, а јас се чувствувам многу подобро. Ви благодарам на сите за вашите љубезни пораки, и на сите оние кои се грижеа за мене овие денови во Саудиска Арабија, особено во болницата“, напиша Саинц на социјалните мрежи.

Вчерашната трка за Големата награда на Саудиска Арабија во Џеда заврши со победа на Макс Верстапен.