Саинц победи на шестата етапа, Леб го врати водството

Карлос Саинц на релито Дакар 2016

Шпанецот Карлос Саинц е победник на шестата етапа на релито Дакар, додека Себастиен Леб по вторпат го презеде водството во генерален пласман, од колегата Стефан Петерхансел.

Кај мотоциклите дебитантот Антоан Мео стигна до првата етапна победа во кариерата. 

Гонсалвес сега има предност од 5 минути и 20 секунди пред Тоби Прајс, а Штефан Свитко е трет со 12 минути заостанување. Фаворитот Жоан Бареда Борт се откажа од трката поради проблеми со моторот.