Саинц: На сите возачи им препорачувам да го извадат слепото црево

Возачот на Ферари, Карлос Саинц изјави дека е среќен поради денешната победа и резултатите на тимот на трката во Формула 1 за Големата награда на Австралија во Мелбурн.

Тој се пошегува дека на сите возачи треба да им се отстрани слепото црево ако сакаат да бидат успешни.

„Ова беше навистина добра трка. Се чувствував добро на патеката. Бев малку вкочанет и физички не беше најлесно, но имав среќа што повеќе или помалку ја возев мојата трка и можев да се грижам за темпото, гуми, сè, така што не беше најтешката трка. Но, јас сум многу среќен, многу горд на тимот и задоволен што ги освоивме првите две места. Тоа покажува дека напорната работа се исплати и животот понекогаш е луд.

Сè што се случи на почетокот на годината, подиумот во Бахреин, па слепото црево, па враќањето, победата... тоа е како вртелешка. На сите возачи би им препорачал да го извадат слепото црево оваа зима“, рече Саинц по трката на Алберт Парк.

Шпанскиот возач денес ја забележа третата победа во кариерата. Тој се врати на патеката во Мелбурн откако пред две недели беше опериран поради воспаление на слепото црево.