Саинц кажа „збогум“ на релито Дакар

Шпанскиот возач Карлос Саинц, поради проблеми со менувачот на брзини, го заврши овогодишното учество во релито Дакар. Шпанецот го напушта натпреварувањето, веднаш откако го презеде водството во генералниот пласман.

„Поради проблеми со менувачот, моите механичари ме известија дека морам да го напуштам натпреварувањето. Одлуката е тешка, но тоа е единственото решение за оваа ситуација“ , изјави Саинц.

По првите пет точки од етапата, Петерхансел веќе имаше предност од 20 минути пред Саинц, за подоцна шпанскиот возач да се откаже од етапата и од трката кај местото „Веј Поинт“.