Саинц и Петерхансел одново во иста екипа на релито Дакар

Саинц

Екипата на Mini X-Raid ги потврди своите возачи за релито Дакар. Тоа ќе бидат легендарните Карлос Саинц, победникот на претходното издание, и Стефан Петерхансел, 13-кратниот шампион на настанот.

Шпанецот покрај себе одново ќе го има Лукас Круз, додека францускиот возач ќе добие нов партнер, сонародникот Едуард Буланжер.

Легендарната трка ќе се одржи на стартот од 2021 година. Ќе започне на 3 јануари во градот Џеда, а ќе заврши 14 дена подоцна на истото место.

Саудиска Арабија втора година во низа ќе биде организатор на трката, а поради рестрикциите предизвикани од коронавирусот, ќе се вози само во една држава.