Саинц беше најбрз и „стопи“ дел од негативата зад Ал Атијах и Петерхансел

Искусниот Карлос Саинц конечно се врати во „форма“ и победи на шестата етапа на релито Дакар која се возеше од Ал Каисумах до Ха'Ил во должина од 618 километри, од кои 448 специјални. Шпанецот ја заврши етапата со време од три часа и 38 минути.

Изненадувачки на второто место заврши домашниот возач Џазид Ал Раџ, кој доцнеше нешто над четири минути. Третото и четвртото место им припаднаа на водечките на релито, Ал Атијах заврши 7,16 минути зад Саинц, додека Петерхансел доцнеше 7,34. Во водечкиот поредок нема промени, Французинот води пред Катарецот, но Саинц ја намали разликата и моментално е единствен возач со задоцнување помало од еден час. 

Кај мотоциклите нова етапна победа запиша Жоан Борт со време од три часа 45 минути и 27 секунди. По него се пласираа Бранч и Сандерс, а водечки во пласманот е Тоби Прајс.