Сабине Кем: Не е вистина дека Шумахер може да се движи

Агентот на Михаел Шумахер, Сабине Кем, ги демантираше гласините дека седумкратниот шампион на Формула 1 може да оди и да ги подига рацете. Пред неколку дена во германските медиуми започнаа да кружат информации дека Михаел се чувствува подобро и дека тој може да се движи, но за жал тие не се точни.

„За жал морам да ги демантирам информациите, затоа што се апсолутно неточни. Исто така сакам да напоменам дека такви информации се неодговорни имајќи ја во предвид состојбата во која се наоѓа Шумахер. Во моментот приватноста е особено важна за неговото семејство“, изјави Кем.

За неколку дена ќе поминат две години од несреќата која Михаел Шумахер ја доживеа на скијање и од која неговото здравје е во многу лоша состојба.