Розберг: Верстапен е подобар возач од Хамилтон

Некогашниот Ф1-првак, Нико Розберг, смета дека Макс Вертсапен од Ред Бул е подобар возач од неговиот некогашен колега и актуелен светски шампион Луис Хамилтон.

Холанѓанецот е единствениот возач кој успеал да триумфира оваа сезона на трка во Ф1, а да не е од екипата на Мерцедес.

„Сметам дека Верстапен би бил пред Хамилтон да вози за Мерцедес. Има одлична сезона и сметам дека во овој момент тој е најдобриот возач во Ф1. Вози неверојатно, уживаме да ги следиме неговите трки. Сите лудуваат по него“, изјави Розеберг.

Макс Верстапен оваа сезона се наоѓа на третото место во генералниот пласман, зад Валтери Ботас и Луис Хамилтон.