• Сашо Поповски

Германскиот возач на Мерцедес, Нико Розберг, никако да ја заборави сезоната и случувањата во неа. Се уште, како да е опседнат од својот клупски колега, Луис Хамилтон, со кого немаат најдобар однос. Тој тврди дека Британецот го искористил неговото најсилно оружје за да дојде до титулата.
„Пол позициите беа моето главно оружје минатата сезона. Чудно како се се сврти и тргна во обратен правец. Тешко е да се сфати како Хамилтон наеднаш почна да доминира на квалификациите“ , вели Германецот.
Хамилтон, оваа година имаше 11 пол позиции од првите 12 трки и затоа стигна до шампионскиот трофеј на три трки пред крајот на шампионатот.
Германецот вели дека наредната сезона ќе направи се за да биде пред клупскиот колега.
„Морам да пронајдам посилно темпо, какво што имав на крајот од сезоната. Ќе продолжам да вршам притисок врз Луис. Еден дел од мене потекнува од Финска, така да борбеноста и одлучноста, без предавање до самиот крај е секако во мојот карактер“ , најави Розберг.
Розберг ја заврши сезоната на второто место, со 322 освоени бода.