Розберг: Тројца може да ја прекинат доминацијата на Хамилтон

Луис Хамилтон доминира во Ф1-спортот во изминатите години, но Нико Розберг смета дека тројца возачи имаат капацитет да ја прекинат доминацијата на Британецот во најбрзиот автомото циркуз.

„Луис е апсолутен фаворит за титулата затоа што е фантастичен. Тој е еден од најуспешните пилоти во Ф1. Но сметам дека тројца возачи можат да го симнат од врвот. Прв е неговиот конкурент Себастијан Фетел, а по него би ги споменал Леклерк и Верстапен. Очекувам двајцата да бидат големо изненадување во претстојната сезона“, вели Розберг.

Розберг е последниот Ф1-пилот кој бил подобар од Хамилтон, кога ја крена титулата во 2016 година.