• Зоран Мишевски

Возачот на Мерцедес, Нико Розберг, победи на трката за Големата награда на Абу Даби, со која заврши сезоната во Формула 1. Германецот на патеката „Јас Марина“, стигна до шестата победа во сезоната, вкупно 14. во кариерата. Тој ја водеше трката од почетокот до крајот, а место на победничкиот пиедестал изборија и светскиот првак Луис Хамилтон и возачот на Ферари Кими Раиконен. Хамилтон сезоната ја заврши со 381 бод, 59 повеќе од Розберг, а тре во генералниот пласман е Фетел со 278 бодови.
Наредната сезона во Формула 1 ќе започне на 20. март со трката за Големата награда на Австралија.