Роси пред аргентинското ГП: Оваа година ќе биде потешко да се победи

Валентино Роси Јамаха

Валентино Роси зборуваше за престојната трка во Аргентина, каде минатата година извојува победа со многу полемики, откако дојде во контакт со Марк Маркез, по кој Шпанецот ја заврши трката. 

Италијанецот, кој не успеа да заврши на подиумот на првата трка од новата сезона во Катар, најави дека ќе му биде потешко во однос на минатата година да забележи победа во Аргентина.

„Имам добри сеќавања од Аргентина. Минатата година беше добра трка за мене, но ќе биде многу тешко да се повтори истото и оваа година. Меѓутоа јас ќе направам се што е во мои раце да дојдам до што подобар пласман“ , изјави италијанскиот возач во Јамаха.

Овој викенд, Роси ќе се обиде да го поправи впечатокот од првата трка, каде во текот на целата трка заостануваше зад своите главни конкуренти за титулата.