Роси никогаш не бил толку лош на половина од Мото ГП сезоната

Валентино Роси пласман

Никогаш во својата кариера Валентино Роси не извозил толку очајна прва половина од сезоната на патеките во МотоГП класата.

Од 2000 година до денес, Италијанецот ретко кога освојувал под 100 бода и многу често бил лидер во генералниот пласман. Оваа сезона неговата форма е далеку од онаа по која што го препознаваат и која ја очекуваат навивачите.

Моментално, италијанскиот возач на Јамаха има само 80 поени и заостанува неверојатни 105 бода зад лидерот Марк Маркез.

Последен пат бил со вака слаб пласман во 2012 година кога по девет трки зад своето име имаше 82 бода и заостануваше 103 бода зад Хорхе Лоренцо.