„Роси мора да го мрази ривалот, за да може да функционира на максимално ниво...“

Жиберно

Низ годините Валентино Роси беше дел од неколку големи ривалства. Во минатото имаше незаборавни борби на патеките против Макс Биаџи, Сет Жиберно, Хорхе Лоренцо, Кејси Стонер, Марк Маркез...

Според зборовите на Жиберно, италијанската легенда мора да чувствува омраза за ривалот против кого се натпреварува, за да функционира на максимално ниво.

„Валентино е личност која мора да има голема лична омраза за својот ривал, за да може да биде на своето максимално ниво. Во случајот со мене, долго време бевме добри пријатели. Но, кога започнавме да се натпреваруваме на патеката, тој целосно се промени. Симпатичен и харизматичен е во јавност, но неговиот натпреварувачки дух е нешто сосема друго“, вели шпанскиот возач.

Роси и понатаму е дел од Мото ГП шампионатот, но е далеку од успешен со екипата на Јамаха. Во последните години проблеми му прави Маркез, кој е светлосни години пред конкуренцијата.