Роси: Мојата Јамаха е како девојка, понекогаш знае да ми каже „не“

Валентино Роси

Италијанецот Валентино Роси ќе стартува од 11-та позиција на денешната трка на патеката Сахсенринг во Германија.

Веќе три трки по ред „докторот“ не знае за бодови, а по проблематичните квалификации вината ја пренесе на својот моторцикл.

„Би сакал мојот однос со моторциклот секогаш да биде како оној кој што го имам со мојата мајка. Таа секогаш ми кажува да и ми помага. Но, тоа не е така случајот со оваа Јамаха. Таа е како близок однос со девојка, понекогаш знае да ми каже не. Мојот ритам не е фантастичен, но не е ни лош. Ќе видиме што ќе се случи на трката“, вели ветеранот.

Марк Маркез со Хонда ја освои пол-позицијата и ќе тргне како прв на патеката на која атакува на седмата победа во низа.