Роси: Го сакам овој спорт, но не е забавно да се бориш за 17-то место

Роси

Големиот Мото ГП шампион, Валентино Роси веќе подолг период е надвор од конкуренцијата за највисок пласман во едно од највозбудливите авто-мото натпреварување.

Италијанскиот ветеран и оваа сезона има лош старт на сезоната, а ништо поразлично не беше ниту овој викенд, откако на трката во Херез заврши на 17. место.

„Трката беше тешка за мене, затоа што не бев брз и имав многу проблеми. За време на трката, го одржував ритамот што го имав за време на тренингот, но на почетокот тоа беше особено тешко. Нешто подобро беше подоцна. Обожавам да возам на Мото ГП, но кога се обидуваш да се бориш за 17-то место, тоа не е забавно“, рече Роси.

На четвртата овосезонска трка од Мото ГП шампионатот која што се возеше за Големата награда на Шпанија, триумфираше возачот на на Дукати, Џек Милер.