Роси: Да се натпреваруваш на 40 години е голем предизвик, потоа следи Дакар

Екипата на Јамаха ги претстави мотоциклистите со кои ќе настапи во 2019 година и ќе проба да ги подобри пласманите од претходните две сезони на Мото ГП шампионатот, во кои доминира Хонда. 

Легендарниот Валентино Роси и оваа сезона ќе биде главниот адут на Јамаха, иако поранешниот шампион оваа година ќе го прослави својот 40-ти роденден. 

„За жал, за една седмица полнам 40 години и може да се каже дека веќе сум стар. Но, тоа само ми дава мотивација плус, и затоа мислам дека можам да се борам за титула. Навистина ќе биде голем предизвик за мене да се натпреварувам како 40-годишник. А, кога ќе заврши мојата кариера во Мото ГП ,нема да се збогувам со трките и сигурен сум дека ќе бидам дел од релито Дакар. Ако ја имам таа прилика, нема да ја испуштам“, вели италијанскиот ас. 

Роси цели 24 сезони е дел од овој спорт, а судејќи по неговиот договор со Јамаха кој има важност до 2021 година, многу веројатно в година ќе ја прослави својата јубилејна 25-та сезона.