Рос Браун: Има надеж за Шумахер, очекувам да закрепне!

Еден од најблиските пријатели на Михаел Шумахер, Рос Браун, верува дека сè уште постои надеж дека легендарниот пилот ќе закрепне.

Рос Браун е еден од најзаслужните за доминацијата на Германецот и седумте титули, а 64-годишниот Британец ја зголеми надежта кај навивачите, по изјавата дека семејството на Шумахер очекува напредок во неговото закрепнување.

„Сите сме оптимисти дека ќе има решение за неговата состојба во иднина. Ќе дојде време кога работите за Михаел ќе се придвижат напред. Тие се неверојатно семејство, многу балансирано, многу посветени на своите цели, а во исто време целосно го поддржуваат Шумахер“, изјави Браун..

Михаел Шумахер неодамна наполни 50 години, но сè уште информациите кои излегуваат во јавноста за неговата состоја по повредата се минорни, па и од тука секоја ваква информација со одушевување е прифатена кај спортската јавност.