Рон Денис: Најдоброто од Алонсо допрва претстои

Првиот човек на Формула 1 тимот Мекларен-Хонда, Рон Денис, инсистира дека Фернандо Алонсо, допрва ќе стартува  со подобри возења и ќе реди успеси за неговиот тим.

„Тој сега влегува во најдобрите години како возач и кога тоа ќе се надоврзе со неговото огромно искуство, мислам дека дури сега му претстојат добри резултати. Можеме да ја забележиме енергијата и ентузијазмот кај него“

Рон Денис ја разјасни и ситуацијата со договорот на Алонсо.

„Тој го потпиша договорот на три години, без клаузула, без бонуси, без било што, договор е договор. Знаевме дека првата сезона ќе биди многу тешка, но сите сме заедно во овој проект и сите заедно ќе победуваме во иднина“, категоричен беше во својата изјава, Рон Денис.