Ривалите одлучија: Макс Верстапен избран за возач на годината

Макс Верстапен беше избран за возач на годината во Формула 1 од страна на останатите возачи на гридот. Како што беше случајот и во битката за титулата, Холанѓанецот собра повеќе гласови од ривалот Луис Хамилтон.

Возачот на Ред Бул го детронизира Хамилтон и ја прекина неговата доминација победувајќи го во последната трка во Абу Даби. Изборот за најдобар возач на годината беше спроведен од тимските директори, кои заедно со возачите донесоа одлука околу гласањето. 

Зад двајцата кои се бореа за титулата на третото место заврши Ландо Норис, кој зад себе го остави дуото од Ферари, Карлос Саинц и Шарл Леклер. Меѓу најдобрите десет завршија уште Фернандо Алонсо, Пјер Гасли, Џорџ Расел, Естебан Окон и Мик Шумахер.