Ринс подобар од младиот брат на Маркез, Мир нов лидер во генералниот пласман

Ринс

Возачот на Сузуки, Алекс Ринс, ја запиша првата победа во Мото ГП сезоната и денес беше најбрз на патеката во Арагон.

Шанците доминираа на денешната трка на која ги освоија првите три места. Зад победникот се пласира младиот брат на Марк Маркез, Алекс, а третопласиран заврши Жоан Мир.

Ринс го запиша вториот подиум во низа, а на крајот го одби секој напад на ривалот. Младиот возач на Хонда притискаше, но немаше сила да стигне до дебитантска победа во „кралската“ класа.

Мир е нов лидер во генералниот пласман, користејќи го лошиот ден на конкурентите како Андреа Довициозо, Фабио Квартараро и Маверик Вињалес.