Рико позираше во ГДЛ Рејсинг тимот пред почетокот на Карера Купот

Македонскиот автомобилост Ристо Вуков Рико во новата сезона ќе вози за ГДЛ Рејсинг тимот во Карера Куп Италија. Уште минатата година Рико се запозна со автомобилот и беше импресиониран од перформансите. 

„Ова е сосема ново искуство за мене, организацијата на натпреварувањето е застрашувачка, се разбира позитивно. Се сретнав со Џанлука Де Лоренци, кој е поранешен возач и сопственик на тимот со исто име. Потпишавме договор за следната сезона, ова ќе биде едно ново искуство за мене. Се надевам дека ќе ја искористам шансата да ги покажам моите возачки квалитети и да и донесам на нашата земја солидни резултати и радости на меѓународно ниво“, вели Рико.

Вуков позираше во опремата на новиот тим и клубот го претстави пред своите спонзори и медиумите. Македонецот првпат седнува во порше, возило кое е меѓу најспектакуларните во светот на автомобилизмот. Тоа за него е огромна шанса, но воедно и одговорноста ќе биде во исти размери.

Шампионатот Порше Карера Куп Италија во 2020 година планирано е да има седум сигурни трки, а можно е во календарот да биде вметната уште една, за што ќе одлучи организаторот пред стартот на натпреварувањето. Сепак, пандемијата од ковид-19 може да создаде дополнителни проблеми кај организаторите.