Рикиардо: Ќе победев и ако немаше судир меѓу Верстапен и Хамилтон

Даниел Рикиардо триумфираше на трката за Големата награда на Италија минатиот викенд, откако кандидатите за титулата Макс Верстапен и Луис Хамилтон учествуваа во меѓусебен судир, со кој му го отворија патот на возачот на Мекларен до новиот триумф.

Но, Австралиецот е убеден дека тој судир меѓу фаворитите не влијаел на конечниот исход, и вели дека ќе победел и без да се случел истиот. 

„Имав водство над Верстапен пред да заминам во боксот, тој вршеше притисок во некои кругови, но во ниту еден момент не морав да се бранам во вистинска смисла на зборот.  Кога излеговме од пистата, бев прилично уверен дека ќе победам. Бев уверен, мислев дека никој нема да може да ми ја одземе оваа победа. Ќе победев дури и да немаше судир“, рече Рикиардо.

Следната трка од шампионатот во Формула 1 на програмата е на 26 септември, за Големата награда на Русија, која ќе се вози во Сочи.