Рикиардо ќе ја скокне и трката во Сингапур, целта е враќање на „Сузука“

Даниел Рикиардо повторно е надвор од Формула 1, откако заработи фрактура на дланката. За време на еден тренинг на патеката во Зандворт, Австралиецот се удри во заштитните бариери и заработи повреда. 

Неговото место во Алфа Таури за трката во Монца и Холандија го пополни Лиам Лосон. Сепак, тоа веројатно нема да биде крај на возбудувањата за младиот возач. Тој со сигурност ќе вози и во Сингапур, а засега е непознато дали Рикиардо ќе се врати за трката во Сузука. 

Сезоната на австралискиот возач започна со него како резервна опција во Ред Бул. Сепак, по десет трки екипата на Алфа Таури му врачи отказ на Ник де Врис и Рикиардо се врати во најбрзиот мото-спорт. 

Сега амбициите на Рикиардо се да заздрави навреме за да се врати за трката во Јапонија на 24 септември.