Рено во потрага по нов дизајнер за агрегатот во 2016 година

Францускиот производител на мотори, Рено е во потрага по квалитетен стручњак, кој ќе помогне во развојот на моторите за наредната сезона. На изненадување на сите тоа би можело да биде Марио Илиен, кој би ја добил позицијата главен дизајнер на погонскиот агрегат за 2016 година, а веќе беше одбиен од Французите во текот на сезоната кога му понуди свои ресурси за развој на агрегатот.

Според МоторСпорт, се очекува извршниот директор на тимот, Карлос Гоусн, да го повика Илиен на состанок во текот на наредната недела за да се договорат за деталите околу нивната соработка. Повод за ваквата реакција на францускиот тим најверојатно е катастрофалниот настап на последната трка во Бразил, каде користеа агрегат кој требаше да биде смерница за наредната сезона. 

„Мораме да ја искористиме цела енергија и ресурси кои ги имаме на располагање. Марио има ресурси кои ние ги немаме. Факт е дека ние сме хендикепирани со недостаток на долгорочна визија, која Марио сигурно ја има, а тоа го докажува со својот пристап“, изјави Сирил Абитебул еден од главните луѓе во францускиот тим.