Релито „Две езера“ го положи тестот и успешно се врати на македонската спортска мапа

Овој викенед успешно беше организиран првиот рели натпревар во нашата земја по пауза од цели 40 години. На планината Галичица се одржа првото меѓународно рели „Две езера“ како дел од шампионатот на Централно-европската зона, првенството на Србија и на Македонија.

Како кралица на трките, релито долги години како дисциплина го немаше во Македонија. Организацијата на еден таков настан беше и дологодишен сон и предизвик за екипата на Primo Racing. Користејќи ги огромното искуство во организацијата на голем број на ридски и кружни натпревари и по долготрајни подготовки, оваа година, конечно тој сон се остварим а значителна беше помошта од општините Охрид и Ресен и Агенцијата за спорт и млади.

Сервисот и целокупното рели беше стационирано на градскиот кеј во Охрид, додека релито се водеше на стариот пат за Отешево преку Галичица. Вкупната должина изнесуваше 215 километри, од кои 65 километри беа компетитивни поделени во четири брзински испити. Целата организација ги надмина сите наши досегашни постигнувања и ангажмани пред се поради огромниот простор кој требаше да се покрие со комуникација и обучен персонал. За среќа, испитот е положен и манифестацијата ќе стане традиционална. 

Генерален пласман:
1. А. Дучиќ/В. Зариќ (Peugeot 208 R2) 33:38
2. Г. Рабасовиќ/М. Јањиќ (Citroen C2 R2) 33:49
3. Ж. Милутиновиќ/У. Лучиќ (Renault Clio Ragnotti) 33:56

Од македонските преставници, во класата А, најдобар беше екипажот Христаки Давитковски/Боби Јовановски со Honda CRX, а во класата N, најдобри беа Владимир Димушевски/Бранко Гушиќ со Hundai I20 .