Рели Дакар 2019: Петерхансел победи на третата етапа, Саинц заглави и не ја заврши трката

Петерхансел

Французинот Стефан Петерхансел стигна до првата победа на овогодишното издание на релито Дакар.

По „аматерската грешка“ во вторникот, која му донесе заостанување од 20 минути, 13-кратниот шампион се врати со стил и најбрзо ја помина делницата долга 331км. од Сан Хуан де Маркона - Арегуипа. Со победата, Петерхансел скокна за цели десет позиции во генералниот пласман и сега се наоѓа на третото место, зад Насер Ал-Атија и Јазед Ал-Раџи.

Победникот на втората етапа Себастијан Леб остана на 42 минути заостанување зад конечниот победник, а тоа му донесе осма позиција во генералниот пласман.

Минатогодишниот победник Карлос Саинц не ја заврши трката и ги намали своите шанси да ја одбрани титулата. Шпанецот заглави на 39 километри до крајот, па сега се очекува значително да падне на лидерската табела.