Рекорд и пол-позиција за Верстсапен во Саудиска Арабија

Холандскиот Ф1-возач Макс Верстапен покажа дека уште има класа во него, затоа што дојде до пол-позицијата за трката за ГН на Саудиска Арабија.

Возачот на Ред Бул дојде до пол-позиција со рекорд. Заврши со време 1:27.294 минути и беше побрза за 178 стотинки од неговиот претходен рекорд кој го постави во 2024 година.

Верстапен на првото место заврши пред Оскар Пјастри од Мекларен и Џорџ Расел од Мерцедес. По нив, следеа Чарлс Леклерк, Андреа Кими Антонели, Карлос Сајнц, Луис Хамилтон, Јуки Цунода, Пјер Гасли и Ландо Норис.

Трката за Големата награда на Саудиска Арабија во Џеда се вози в недела од 19:00 часот.