ВИДЕО: Ред Бул урна светски рекорд, смени гуми за 1,88 секунди

Механичарите на Ред Бул уште еднаш се надминаа себеси и го подобрија актуелниот светски рекорд кога се работи за промената на пневматиците во боксот.

Макс Верстапен победи во Германија, а на оваа трка одлични беа и механичарите. При едно влегување во бокс на Холанѓанецот, тие успеаја да ја завршат целата работа за само 1,88 секунди и да го подобрат рекордот.

Токму Ред Бул беше сопственик на стариот рекорд, затоа што исто така оваа сезона на „Силверстоун“ успеаја да ја завршат работата за 1,91 секунди.