• Иван Димовски

Младиот возач на Ред Бул, Јури Випс, кој се натпреварува во Формула 2 е суспендиран на неопределено време.
Причината за тоа е бизарна, бидејќи се работи за инцидент кој се случи додека тој игра видео игри со пријателите. Випс во еден момент изговори збор кој црномурестата раса го смета за негативен и кажа: „Нигер“, на што пријателите се смееја. Потоа, неговиот другар му подаде капа со логото на Ред Бул, меѓутоа беше во розова боја, а Випс одговори: „Не ја сакам, многу е геј“.
- Видео од разговорот на Випс со пријателите:
Од Ред Бул инстантно реагираа и го осудија однесувањето на својот млад возач. Тие нагласија дека се против расистички испади и било какво омаловажување, па така го суспендираа Јури Випс.
— Oracle Red Bull Racing (@redbullracing) June 21, 2022