Ред Бул со специјални болиди во Турција ќе се прости од Хонда

Екипата на Ред Бул ќе има специјални болиди на трката за ГН на Турција во чест на Хонда, производителот на мотори кој ќе се повлече од овој автомото спорт.

Хонда од 2019 година го снабдуваше овој тим со мотори, но по крајот на сезоната во 2021 година донесе одлука да се повлече од спортот.

Оваа компанија ќе продолжи да ја снабдува екипата на Ред Бул со нови мотори, меѓутоа нема да биде дел од новата сезона на Формула 1. На специјалниот болид на Ред Бул во чест на Хонда ќе преовладува белата боја.

Овој момент требаше да се случи на трката за ГН на Јапонија во Токио, меѓутоа пандемијата го одложи овој спортски настан.